Луд натпревар во Шефилд: Шест гола, „ѓаволите“ беа на колена, па пред победа, и на крајот ремизираа

Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед одиграа неверојатен натпревар, ја видоа победата, го видоа и поразот, и на крајот по шест гола – ремизираа. Домаќинот поведе со 2-0 со головите на Џон Флек и на Лис Мусет, но потоа Манчестер Јунајтед за осум минути направи комплетен пресврт. Младинците Брендон Вилијамс и Мејсон Гринвуд израмнија на 2-2, а Маркус Рашфорд, кој има малку повеќе стаж од нив во првиот тим на „црвените ѓаволи“ во 79.минута донесе и водство за гостите.

Сепак, Оливер МекБарни во 90.минута успеа да израмни и да донесе еден бод за Шефилд Јунајтед.

Се вчитува...