Луда понуда од Реал Мадрид: Герет Бејл и 70 милиони фунти за Рахим Стерлинг

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во нов обид да дојде до англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг кој игра одлично во дресот на Манчестер Сити. Раководството на „кралевите“ подготви неверојатна понуда за да ги убеди „граѓаните“ да му дозволат трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид е подготвен да го испрати велшкиот интернационалец Герет Бејл на „Етихад“ и да плати дополнителни 70 милиони фунти за да го ангажира Рахим Стерлинг.

Англичанецот ќе добие и фантастични услови за петгодишен договор со „кралскиот клуб“, би заработувал 12 милиони евра по сезона. Сепак, ќе мора прво да добие дозвола за заминување од Манчестер Сити, со оглед дека има актуелен договор до 2023 година.

Се вчитува...