„Луда реакција“ на Стефан Ристовски по последниот пенал и титула за Спортинг… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, поради суспензија по добиениот црвен картон, не можеше да настапи во финалето од Купот на Португалија за својот Спортинг. Но, тоа воопшто не пречеше Ристовски да не го доживее освојувањето на трофејот максимално еуфорично.

По последниот пенал од финалето против Порто, со кој Спортинг Лисабон ја осигура титулата во Купот, Стефан Ристовски од трибините веднаш „летна“ кон теренот да прослави со своите соиграчи…

 

И пред официјалното добивање на медалите, Ристовски не го криеше огромното задоволство од втората титула со Спортинг оваа сезона.

 

Се вчитува...