Луда тепачка: Филипини остана со тројца кошаркари против Австралија

Мечот меѓу Филипини и Австралија од квалификациите за СП 2019 нема да биде запаметен по некоја кошаркарска убавина, туку по масовната тепачка во која учествуваа кошаркари на двете селекции.

На теренот се создаде хаос, а кога конечно се смирија страстите судиите исклучија дури девет филипински кошаркари наспроти четири од таборот на Австралија.

Филипини остана со само тројца играчи по инцидентот, еден од нив стигна до пет лични грешки, па оваа селекција го заврши натпреварот со само двајца кошаркари на теренот. Натпреварот заврши со конечни 52-89 за Австралија.

Се вчитува...