Луда забрана за меч од ЛШ: Не смеат да се носат ремени за мечот Наполи – Манчестер сити

Полицијата во Неапол издаде неверојатна забрана во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити. Никој нема да смее да влезе на стадионот со ремен на своите пантолони. Има и причина за тоа.

Навивачите на Наполи пред две седмици направија хаос во еден паб во Манчестер, претепувајќи седуммина фанови на Манчестер сити. Еден Италијанец заврши и во затвор, ќе мора да одлежи казна од пет месеци. Фановите на Наполи ги претепаа противничките навивачи вадејќи ги своите ремени. За да не се повтори вакво нешто, полицијата во Неапол издаде наредба никој да не смее да носи ремени на стадионот на утрешниот натпревар со „граѓаните“. Колку и да звучи смешно, сепак е вистинито…

Се вчитува...