Лудило: Англија е новиот младински шампион, Шпанците промашија пенал во 98. минута (видео)

Англија е новиот европски младински првак во фудбал откако „гордиот албион“ во вечерашното финале славеше над Шпанија со 1-0. Финалниот дуел беше суперинтересен, а шпанските репрезентативвци уште долго ќе жалат за пропуштеното ако се знае дека во 98. минута добија пенал што сепак не го претворија во гол што можеше да им донесе израмнување.

Англичаните беа подобар противник во првото полувреме, во кое создадоа повеќе шанси, а во водство стигнаа во судиското продолжение. Палмер изведе слободен удар од дваесетина метри, топката го удри во грбот Куртис Џонс и го измами шпанскиот голман, со што фудбалерот на Ливерпул со најсреќниот гол во кариерата донесе пехар на својата репрезентација.

Улогата на херој сепак му припадна на голманот Џејмс Трафорд, кој во 98. минута успеа да го запре пеналот на Руиз, потоа и одбиената топка на Аимар и ја донесе титулата на „гордиот албион“.

Се вчитува...