Бруно Фернандеш: По ЕП ќе одлучам дали ќе останам во Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед и португалски фудбалски репрезентативец Бруно Фернандеш изјави дека по завршувањето на Европското првенство ќе одлучи дали следната сезона ќе игра за клубот од „Олд Трафорд“.

Фернандеш изјави дека приоритети во моментов му се финалето на ФА Купот и Европското првенство.

„Не зависи се од мене. Ако треба да размислувам за заминување од Премиерлигата, тоа ќе биде дури по Европското првенство. Можеме успешно да ја завршиме сезоната со освојување на ФА Купот. Потоа го имаме Европското првенство, што е многу важно. Ништо не може да ми го одвлече вниманието од финалето на ФА Купот и од Европското првенство, бидејќи во моментов нема ништо поважно од тоа“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...