Лудило без граници: Арсенал потпиша со дете од 5 години (ВИДЕО)

Лудило без граници или сериозна инвестиција за иднината каква што ретко се гледа. Одлучете самите. Арсенал потпиша договор со пет годишниот Зејн Али Салман, Инстаграм сензацијата кој го доби епитетот „малиот Меси“ по видеата објавени на неговиот профил каде излудува противници со фантастични потези.

Али Салман е дел од „пред академијата“ на премиерлигашот уште од неговата четири годишна возраст, а по нереалните настапи против играчи кои се и двојно повозрасни од него, Арсенал се одлучи да го осигура неговиот потпис.

„Прави потези кои не можете ни да ги замислите кај дете од негови години. Кога прв пат го видов морав да се јавам кај пријател да ми потврди дека станува збор за четиригодишник. Не можев да поверувам дека сеуште е во градинка. Потоа разговарав со неговите родители, дојде на неколку тренинзи и веднаш заклучивме дека станува збор за мега талент“, изјави скаутот на „топџиите“ Стефен Динс.

Се вчитува...