Лудило без граници: Мегваер добил дојава дека во неговата куќа е поставена бомба!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мекгваер добил дојава дека во неговата куќа е поставена бомба, пренесуваат англиските медиуми. Дојавата стигнала преку е-пошта по што полицијата експресно го евакуирала репрезентативецот на Ангелија заедно со неговата сопруга и две ќерки.

Англиските медиуми пишуваат дека бројни фудбалери на Манчестер Јунајтед често добиваат смртни закани, но овој пат лудилото ги надминало сите граници. Полициската истрага е во тек, а засега останува непознато кој ја пратил заканата.

„Во последните 24 часа, Хари доби сериозна закана. Безбедноста на неговото семејство е приоритет на Хари и сите околку него. Тој ќе продолжи да се подготвува за престојниот натпревар според планот и во овој момент нема да дава коментари на оваа тема“, изјави неговиот портпарол.

Како потсетување, Манчестер Јунајтед загуби со 4-0 од Ливерпул во последниот натпревар од Премиерлигата.

Се вчитува...