Лудило: Катарци го купуваат Манчестер Јунајтед за осум милијарди фунти!

Манчестер Јунајтед во текот на следните триесетина дена би можел да добие нови сопственици откако катарски конзорциум најави дека е подготвен да издвои богатство за да го купи најтрофејниот англиски клуб од семејството Глејзер.

Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време се незадоволни од работата на Глејзер, поради што Американците неодамна најавија дека се подготвени да го продадат пакетот на акции за управување со клубот. Тие го поставија 15 февруари како последен рок во кој очекуваат да добијат понуда, а Катарците дотогаш ќе излезат со конкретен предлот за преземање на „црвените ѓаволи“.

Како што јавуваат британските медиуми, подготвената понуда е во висина од шест милиони фунти, далеку повисока од сите останати кои искажаа првичен интерес. Исто така, новите газди веднаш би обезбедиле и две милијарди фунти за изградба на нов супер-модерен стадион кој би го заменил легендарниот „Олд Трафорд“ како дом на клубот.

За да нема судир на интереси и создавање на монопол бидејќи катарски конзорциум со позадинска државна поддршка го води и ПСЖ, ќе бидат избрани нови компании кои ќе стојат зад проектот, кои немаат никаква поврзаност со Ал Келаифи и останатите директори на францускиот гигант.

Доколку оваа купопродажба се реализира, таа ќе биде убедливо највисоката во историјата на светскиот фудбал.

Се вчитува...