Лудило на „Мулино“ – Вулверхемптон по голем пресврт до победа над Сити (ВИДЕО)

Неверојатен пресврт ни приредија фудбалерите на Вулверхемптон совладувајќи го Манчестер Сити со 3-2 за крај на 19. коло во англиската Премиер-лига.

Натпреварот почна со големата глупост на голманот на „граѓаните“ Едерсон кој заработи директен црвен картон по стартот над Диего Жота. Веднаш потоа следуваше водство за „сините“ од Манчестер, откако Стерлинг, прво промаши па доби уште една шанса, а потоа повторно промаши, но одбиената топка успеа да ја смести во голот на Руи Патрицио за водство од 0-1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Стерлинг донесе водство за гостите од 0-2 со прекрасниот погодок во 50. минута. Сепак, домаќините не се предаваат. Траоре во 55. намали на 1-2, додека Раул Хименез по големата грешка на Менди успеа во 82. минута да израмни на 2-2. Нов шок за избраниците на Пеп Гвардиола следуваше во 90. минута кога Доерти го запали Мулино постигнувајќи гол за победа од 3-2.

Со поразот Сити, полека но сигурно ги губи сите шанси за одбрана на титулата во Премиер лигата, бидејќи во моментов заостанува огромни 14 бода зад првопласираниот Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...