Лудило во Берлин: Шпанија со пресврт ја доби Литванија и се чекираше во четвртфиналето на Евробаскетот

Во дербито од осминафиналето на Евробаскетот во Берлин, Шпанија ја совлада Литванија со 102-94 и се пласираше во четвртфиналето.

Неверојатна победа за Шпанија. Избраниците на Серхо Скариола не личеа на тимот кој честопати доаѓаше до самиот крај во минатото. Таа и на овој меч не личеше на некој што ќе победи. Но, епилогот е таков што серијата продолжува против големиот ривал на големите натпреварувања, од кого последен пат загуби на Евробаскетот во 2011 година.

„Црвената фурија“ губеше речиси во текот на целиот натпревар. Литванците во последната четвртина имаа предност од осум поени (74-66). Но, она што следеше беше серија од 14-4 на Шпанците за да поведат на 1 минута и 42 секунди до крајот. Потоа Браздеикис погоди тројка за нов пресврт – 81-80.

Тоа не беше крајот на драмата. Усман Гаруба им носи ново водство на Шпанците на 16 секунди до крајот – 82-81. Потоа следуваше големата глупост на Домантас Сабонис, кој направи фаул во нападот и му даде шанса на Вили Ернангомес да го реши натпреварот. Сепак, тој погоди само еден од двата шута и Литванците добија шанса. Рокас Јокубаитис се обиде за три поени. Топката стигна само до обрачот, но со звукот на сирената Игнас Браздеикис погоди за продолжение.

Шпанците на две минути пред крајот обезбедија +7 (95-88). Но, Литванија влезе во последната минута со серија 7-0 со само еден поен заостанување. Сепак, Литванците на крајот направија неспортски фаул, а потоа и фаул со кош на Вили Ернангомес и тоа беше крај за европскиот шампион од 2003 година.

 

Се вчитува...