Лудило во Хрватска…Врсаљко се качи на полициски мотоцикл (ФОТО)

Хрватските фудбалски репрезентативци беа пречекани како богови во Загреб, по освојување на второто место на Светското првенство во Русија. Повеќе од 500.000 фанови дојдоа да им оддадат почит за најдобриот резултат во историјата на хрватскиот фудбал. Сега генерацијата на Лука Модриќ и официјално е подобра од онаа на Шукер, Асановиќ, Просинечки, Бобан, и останатите „бронзени“.

На лудилото му немаше крај, а збесна и Шиме Врсаљко, кој во еден момент се симна од автобусот со кој се возеа фудбалерите, и се качи на полициски мотоцикл. Се разбира, фановите беа воодушевени од шоуто на Шиме…

Се вчитува...