Лудило во Лисабон: Навивач влета на терен и клекна на колена пред Кристијано Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо до крајот на животот ќе биде миленик на португалските фудбалски фанови, но големиот ас тешко дека доживеал нешто слично како она што му се случи на вечерашниот дуел со Босна и Херцеговина.

Се играше второто полувреме кога еден навивач со португалско знаме во рацете втрча на теренот и му се приближи на Кристијано. Најпрвни дојде до прегратка, а само неколку секунди подоцна навивачите од трибините еуфорично аплаудираа откако фанот на теренот клекна на колена, поклонувајќи му се на најдобриот португалски фудбалер на сите времиња.

Луѓето од обезбедувањето му се приближија, но навивачот најде момент да направи „Сиу“ пред Кристијано, за со неговиот традиционален поздрав да ја одбележи средбата со својот идол пред да се обиде да побегне.

Се вчитува...