„Лудило“ во Неапол, фановите собираат пари за да го вратат назад Единсон Кавани

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани е незадоволен од односот на клубот кон него, откако Нејмар пристигна во редовите на ПСЖ, и ја разгледува опцијата за заминување од „Паркот на принцовите“. На Бразилецот Нејмар едноставно му е дозволено се, а со тоа се намалија „правата“ на Кавани, кој имаше жестоки дуели со новиот соиграч околу тоа кој да ги изведува ударите од белата точка. На крајот, победи Нејмар, кој е најскапоплатената ѕвезда во клубот, а тој не му дозволи да шутира пенал на Кавани ниту на последниот меч против Дижон, што „светците“ го добија со 8-0.

Кавани во моментот има постигнато 156 гола за ПСЖ и му недостига само уште еден за да стане најдобар стрелец во историјата на клубот. Пред самиот крај на мечот имаше одлична можност да влезе во аналите, но Нејмар не му дозволи на соиграчот да биде изведувач на најстрогата казна.

Популарниот „Ел Матадор“, и понатаму е омилен во Неапол, а фановите од овој град веќе почнаа да собираат пари за да го вратат во Наполи по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...