Лудиот божиќен спектакл во Лос Анџелес за гостите од Бруклин, Јута подобра од Далас (ВИДЕО)

Бруклин Нетс стигнаа до нов триумф во НБА лигата откако на божиќниот спектакл во Лос Анџелес славеа со 115-122. Победникот беше одлучен во последните минути од мечот со серија од 7-0 за гостинскиот тим.

Предводник на тимот од Калифорнија беше неверојатниот Леброн Џејмс со 39 поени, 9 скока и 7 асистенции, додека него го следеше Монк со 20 поени, а дабл-дабл од 17 поени и 11 скока забележа Кармело Ентони. Џејмс Харден оствари трипл-дабл од 36 поени, 10 скока и 10 асистенции за гостите, а 34 поени и 7 асистенции додаде Милс.

На победа се радуваше и Јута која славеше против Далас со 12о-116. Донован Мичел беше првото име на мечот со 33 поени, а хрватскиот интернационалец Богдановиќ додаде 25 поени и 4 скока. Во отсуство на Лука Дончиќ гостите ги предводеа Брансон со 27 поени и 6 асистенции и Порзингис со 27 поени и 9 скока.

Се вчитува...