„Лудиот“ француски судија доби суспензија

Францускиот судија Тони Шапрон е суспендиран од страна на техничката комисија за арбитража во Франција поради вчерашниот инцидент кој се случи на мечот Нант – ПСЖ. Шапрон засега има неодредена забрана за судење на натпревари во Франција, неговиот следен ангажман, поточно мечот помеѓу Анжер и Троја ќе биде доделен на друг арбитар, а „лудиот“ судија во најскоро време ќе дознае колкава ќе биде неговата казна.

Шапрон му додели втор жолт картон на фудбалерот на домаќините Диего Карлос, откако и двајцата се судрија при акција на ПСЖ. При самото враќање назад на фудбалерот со цел да помогне на својот тим, случајно го сопна арбитарот кој подоцна се обиде со нога да го удри, а изреволтиран од ударот одлучи да го исклучи Карлос и да го прати пред време во совлекуваланата.

Се вчитува...