Лудо на мечот во Лајпциг: ВАР поништи гол за победа на домаќините во 95. минута

Лајпциг полека ја губи битката за титула во Бундеслигата откако во првиот натпревар од 29. коло второпласираниот тим на табелата не успеа да слави на домашен терен против Хофенхајм (0-0).

Домаќините доминираа во текот на средбата, а по 14 удари кон противничкиот гол, успеаја да ја затресат мрежата преку Полсен во 95. минута од мечот, но на крај голот беше поништен поради играње со рака.

По ова реми, Лајпциг сега заостанува четири бода зад лидерот Баерн Минхен, но баварците имаат и натпревар помалку.

Се вчитува...