Во вистински стил се врати германската Бундеслига. Откако синоќа Баерн Минхен го декласираше Вердер Бремен со 0-4 во отворањето на шампионатот, првата саботна програма веќе сега ни носи неверојатни резултати.
По 45 минути на петте натпревари почнати во 15.30 часот, паднаа вкупно петнаесет гола што е невеорјатен просек од три гола по полувреме.
Најмногу голови (вкупно шест) беа постигнати на мечот меѓу Аугсбург и Борусија Менхенгладбах (3-3). Водство од 2-1 има Баер Леверкузен против Лајпциг. Во останатите три меча резултатот на полувреме е: Хофенхајм – Фрајбург 0-2, Штутгарт – Бохум 2-0 и Волфзбург – Хејденхајм 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА