Лудо прво полувреме на „Стемфорд бриџ“ – Четири гола во „војната“ на ривалите од Лондон (ВИДЕО)

Неверојатно прво полувреме ни овозможија Челси и Арсенал кои играат 2-2 на „Стемфорд бриџ“ во лондонското дерби како дел од заостанатиот натпревар од 25. коло во англиската Премиер-лига.

Гостите поведоа со голот на Нкетиа во 13. минута со 1-0. Само четири минути подоцна домаќините израмнија на 1-1 преку Тимо Вернер. Ново водство за гостите (1-2) донесе Смит Роу во 27. минута, а „сините“ повторно во игра ги врати Цезар Аспиликуета во 32. минута.

 

 

Се вчитува...