Луис Хамилтон е победник на јубилејната 1.000-та трка во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон e победник на трката за Големата награда на Кина, јубилејна 1.000-та трка во историјата на Формула 1. За Хамилтон ова беше и 75-та победа во кариерата.

Мерцедес, на доминантен начин, стигна до еден-два победа во Кина откако втор заврши Валтери Ботас кој стартуваше од пол-позицијата.

Трет трката ја заврши Себастијан Фетел од Ферари, а понатаму во Топ 10 следат Макс Ферстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гесли (Ред Бул), Даниеле Рикиардо (Рено), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и Алекс Албон (Торо Росо), кој освои еден бод иако стартуваше од пит-стопот.

Лидерското место во генералниот пласман сега е за Хамилтон со 68 бодови, а Ботас сега е втор со 62 бода. Мердецес води кај конструкторите со 130 бода, додека втор е Ферари со 73 бода.

Се вчитува...