Луис Хамилтон на шампионски курс кон историјата

„Знам дека луѓето можеби не сакаат да го чујат ова, но досега ќе биде уште подобро“ со оваа реченица Луис Хамилтон го најави она што претстои во Формула 1 сезоната со оглед на неговата доминација, шесте победи на осумте одржани трки, предноста во поредокот на возачи, но и предноста на Мерцедес во однос на конкуренцијата.

Петкратниот шампион има 36 бода повеќе од тимскиот партнер Валтери Ботас, но и неверојатни 76 бода предност пред пилотот кој трбаше да му биде најсериозна конкуренција за титулата, Себастијан Фетел од Ферари. Германецот е практично во друг шампионат. Оваа сезона за Хамилтон е многу поинаква од претходните. Тој годинава има фуризоен старт, најдобар воопшто досега. Претходно фаќаше залет во втората половина од шампионатот.

Формата во која се наоѓа тој, но и неговиот болид најдобро ја демонстриаше трката во Франција. Британецот неприкосновено дојде до 79-та победа во кариерата, 12 триумфи го делат од рекордот на Михаел Шумахер.

На повеќе од третина од Формула 1 шампионатот на Ферари ќе му треба чудо за да ја врати неизвесноста. Веќе следната трка е претстојниот викенд, во Австрија.

Се вчитува...