Луис Суарез би можел да го пропушти четвртфиналето во Лигата на шампионите

Барселона би можела да биде без Луис суарез во четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед на почетокот на лседниот месец. Уругваецот го повреди глуждот во триумфот од 4-1 над Бетис, беше заменет, а ќе оди на дополнителни тестови кои ќе одредат колкава е сериозноста на повредата.

Суарез веројатно и нема да се приклучи на националниот тим во обидот што побрзо да ја санира повредата и да биде подготвен за гостувањето на Олд Трафорд на 10 април. Реваншот во  Барселона е шест дена подоцна. Каталонскиот тим со сигурност ќе биде без Осман Дембеле.

 

 

Се вчитува...