Луис Суарез доби понуда од Катар

Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез би можел да ја напушти Барселона и да замине во Катар. Тој доби примамлива понуда од клубот Ал-Араби каде би можел да заработува двојно повеќе отколку на „Камп Ноу“.

Тренерот Хеимир Халгримсон би сакал да го има Луис Суарез и во иднина да го предизвика Ал-Сад, чиј тренер е Чави Хернандез, поранешниот фудбалер на Барселона.

Суарез има договор со Барселона до следното лето, но и клаузула според која соработката автоматски ќе биде продолжена за уште една година доколку Уругваецот исполни одредени параметри за бројот на одиграни натпревари во сезоната.

Се вчитува...