Луис Суарез мора на операција на коленото

Луис Суарез го очекува подолга пауза од терените по повредата што уругвајскиот напаѓач ја заработи за време на дуелот со Атлетико Мадрид, во Супер-купот на Шпанија. Каталонскиот гигант ја потврди информацијата за повредата на својот напаѓач, како и дека хируршкиот зафат врз Суарез ќе го изврши Др. Рамон Кугат.

Каталонците најавија дека ќе се јават со ново соопштение по завршувањето на операцијата, но веќе е јасно дека Суарез во блиска иднина нема да може да го облече дресот на Барселона. Среќна околност е што проблемот е со менискусот, а не со лигаментите на коленото, но во секој случај паузата ќе изнесува најмалку до почетокот на месец март.

Ова значи дека Суарез ќе пропушти неколку важни натпревари од Примера Дивизион, како и првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ, на гостински терен против Наполи на 25 февруари.

Се вчитува...