Луиз Густаво го одби Интер, па замина во Франција

Луиз Густаво по бројните шпекулации конечно ќе го напушти тимот на Волфсбург, но Бразилецот нема да се пресели во редовите на Интер. „Нероаѕурите“ повеќе од една година го „ловеа“ големиот борец од средината на теренот, но на крајот не успеаја да го убедат да им се приклучи, па Густаво реши својата кариера да ја продолжи во Франција, поточно во тимот на Олимпик Марсеј.

Клубот од „Велодром“ најавува амбициозен проект за наредната сезона, а директорот Андони Зубизарета успеа да го убеди Густаво дека Марсеј е вистинското место за него во моментов. Како што јавува весникот „Л’Екип“, сите детали се веќе договорени, па Бразилецот утре ќе пристигне во Франција, каде по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор со Олимпик.

Она што е интересно е што францускиот клуб ќе плати само осум милиони евра за Луиз Густаво, сума што е многу пониска од онаа што се споменуваше при шпекулациите за трансферот во Интер.

Се вчитува...