Луизао ја заврши кариерата, ќе биде директор на Бенфика

Легендарниот фудбалер на Бенфика, Луизао, стави крај на активната фудбалска кариера. Бразилецот се повлекува и отсега ќе биде нов директор за меѓународни односи во клубот.

Дефанзивецот, кој има 37 години, во Европа настапуваше единствено во Бенфика откако стигна во 2003 година на Стариот континент. За 15 сезони, одигра вкупно 337 натпревари за клубот од Лисабон и стана втор на вечната листа на фудбалери со најмногу настапи во дресот на португалскиот гигант. Освои шест шампионски титули, има три трофеи во Купот на Португалија и четири пехари во Суперкупот.

За репрезентацијата на Бразил, Луизао настапи 44 пати и постигна три гола.

Се вчитува...