Лука Дончиќ „диригираше“ за победа на Словенија над Литванија

Најинтересниот натпревар од првиот ден на Евробаскетот и припадна на Словенија која славеше против Литванија со 92-85 во Келн. Словенија беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, но и покрај тоа што го контролираше резултатот не успеавше да направи значајна разлика.

Литванија подобро ја започна последната четвртина и успеа да стигне до +5 (73-78), но тогаш на сцена настапи Лука Дончиќ. Словенецот кој беше добро чуван од Литванците во текот не целиот натпревар не форсираше, туку ги разигра своите соиграчи кога беше најпотребно, направи предност, а Чанчар и Тоби знаеја да ги искористат „зицерите“. Словенија на крилја на асот на Далас стигна кој беше одличен и во одбраната целосен пресврт и позитива седум поени во завршницата кои беа преголем залак за Литванците.

Со 24 поени и 8 скока лидер на Словенија беше Тоби, додека него го следеа Драгиќ со 19 поени и Дончиќ со дабл-дабл од 14 поени и 10 асистнеции. Кузминскас беше најрасположен кај Литванија со 19 поени, а еден помалку постигна Григонис.

Се вчитува...