Лука Дончиќ добива нов Балканец за соиграч?

Лука Дончиќ во следната сезона нема да го има Бобан Марјановиќ како најголема „балканска“ поддршка, но може за соиграч да го има Бојан Богдановиќ, пренесуваат американските медиуми. Хрватскиот репрезентативец е дел од Јута од 2019 година, но по неуспехот тимот влегува во фаза на „ребилдинг“, а 33-годишникот е еден од играчите во заминување.

Притоа договорот на Хрватот истекува следната сезона па доколку Јута сака да „заработи“ од неговото заминување ќе мора да го замени ова лето или пак до крајот на преодниот рок.

Газдата на Далас, Марк Кјубан веќе наиде на жестоки критики од навивачите на тимот откако го пропушти потписот на Горан Драгиќ, а дали овој пат ќе оди на „се или ништо“ за ангажманот на Хрватот останува да видиме. Бојан Богдановиќ кој е дел од НБА првенството од 2014 година претходно настапуваше за Бруклин, Вашингтон и Индијана па јасно е дека со себе носи драгочено искуство за плеј-оф серијата.

Се вчитува...