Лука Дончиќ игра како „кошаркарски вонземјанин“ откако целосно ја презеде лидерската улога во Далас по трејдот на Порзингис. Словенецот е незапирлив во нападот, а серијата извонредни игри ја продолжи и на гостувањето во Њу Орлеанс, каде Далас забележа победа од 118-125. Зад името на Дончиќ останаа импресивни бројки, тој реализираше 49 поени, надополнети со 15 скока и осум асистенции.
Одличен меч се одигра и во Милвоки, каде актуелниот првак загуби од Филаделфија со 120-123. Човек на одлука беше гостинскиот центар Ембид, кој реализираше 42 поени и 14 скокови, додека на спротивната страна Адетокумбо беше многу блиску до трипл-дабл, со 32 поени, 11 скока и девет асистенции.
Резултатската криза на Бруклин се продлабочи по поразот на домашен терен од Вашингтон (103-107), трет неуспех на нетс на последните пет одиграни средби. Бруклин имаше огромен пад во играта во одбрана во последната четвртина, во која гостите постигнаа 39 поени (25-39), направија целосен пресврт и стигнаа до победата.
Резултати НБА:
Шарлот – Мајами 107-111 (по две прод.),Бруклин – Вашингтон 103-107, Њу Орлеанс – Далас 118-125, Милвоки – Филаделфија 120-123, ЛА Клоперс – Хјустон 142-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА