Лука Дончиќ има свој фаворит за МВП во Евролигата

Словенечката кошаркарска ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ прогнозираше за сезоната 2023/24 во Евролигата. Најкорисниот играч на завршницата во 2018 година откако изјави дека на завршницата на сезоната ќе се најдат Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче и Панатинаикос говореше и за кој ќе ја освои МВП наградата и кои се неговите омилени кошаркари.

Според Словенецот наградата за најкорисен играч треба да замине во рацете на Факундо Кампацо, фантастичниот плејмејкер на Реал Мадрид кој оваа сезона бележи просек од 11.3 поени и 6.5 асистенции, а неговите омилени играчи на сите времиња се Василис Спанулис и Серхио Љуљ.

Погледнете го ова кратко интервју со поранешниот МВП на елитното европско натпреварување…

 

Се вчитува...