Лука Дончиќ ја реши Јута, Крис Пол со меч за историја… (ВИДЕО)

Далас ја елиминираше Јута откако во шестиот меч во Солт Лејк сити славеше со 98-96 и со 4-2 во серијата продолжува понатаму. Враќањето на Лука Дончиќ само ги зголеми шансите на Далас кој на крајот без мајсторска ја елиминираше Јута.

Дончиќ во шестиот меч постигна 24 поени, со девет скока и осум асистенции, како и Брансон кој заврши исто така со 24 поени.

Со 4-2 во серијата победи и Феникс, кој со 115-109 во последниот меч беше подобар од Њу Орлеанс. Крис Пол игра одлично постигнувајќи 33 поени, дополнети и со осум асистенции. Плејмејкерот на Санс се запиша во историјата со 14 шута од игра од исто толку обиди.

Серија со 4-2 заврши и во пресметката меѓу Филаделфија и Торонто. Џоел Ембид со 33 поени и 10 скока им пресуди на Торонто. Максеј постигна 25 поени а Џејмс Харден заврши со 22 поени и 15 асистенции.

Во четвртфиналето од плеј-офот ќе се соочат Мајами и Филаделфија, Бостон и Милвоки, Феникс и Далас, додека Голден стејт го чека подобриот од мечот меѓу Мемфис и Минесота.

Се вчитува...