Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ веднаш почна да ги воодушевува Американците уште во својот деби натпревар во НБА лигата.
Дончиќ имаше за 31 минута на паркетот во дресот на Далас маверикс добар настап постигнувајќи 10 поени, дополнети и со четири асистенции и осум скока. Со еден потег,како што прокоментираа американските коментатори – со асистенција „ала Џордан“, успеа вистински да ја воодушеви публиката во „Стик ресорт арената“…
Luka Doncic DROPPIN’ DIMES! ??#MFFL #KiaTipOff18 #NBARooks
?: @ESPNNBA pic.twitter.com/GqtbIbBanT
— NBA (@NBA) October 18, 2018
Неговиот Далас, на крај, не успеа да запише позитивен резултат на отворањето на новата сезона. Загуби на гостувањето од Феникс со 121-100.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА