Лука Јовиќ имал причина за бегството од изолација, ќе стане татко, убавата Софија е бремена

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ во последните неколку дена е на удар на јавноста поради непочитувањето на самоизолацијата во време кога светот се справува со коронавирусот. Но, конечно по неколкуте лоши денови, асот на Реал Мадрид дочека и убави вести. Неговата девојка, Софија Милошевиќ на социјалните мрежи потврди дека е бремена.

„Сакам да подела убави вести со вас – чекаме бебе! Благодарна сум му на Лука кој беше покрај мене во овој период. Никако не можев да замислам во овој период кој е страшен за целиот свет јас да останам без него“, напиша на инстаграм Софија. 

Јовиќ  има едногодишен син со Анџела Матијашевиќ.

Се вчитува...