Лука Јовиќ оди на позајмица во Монако?

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ би можел следната сезона да ја мине на позајмица во Монако. Напаѓачот на Реал Мадрид не успеа да се наметне кај тренерот Зинедин Зидан оваа сезона, направи неколку глупости и надвор од теренот и многу реално е да биде отстапен за да се врати во посакуваната форма.

Новиот тренер на Монако, Нико Ковач, добро ги познава квалитетите на Јовиќ од периодот во Ајнтрахт Франкфурт и би сакал да го има во тимот на „кнезовите“ за новата сезона. Србинот се поврзуваше и со можна позајмица во италијанскиот калчолигаш Милан, но таа опција отпадна откако стана јасно дека Ралф Рангник нема да ја добие тренерската позиција кај „росонерите“.

Се вчитува...