Лука Јовиќ се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ се врати на тренинзите на Реал Мадрид по седумдневната пауза поради повреда.

Новиот напаѓач на „кралевите“ се повреди на мечот со Атлетико Мадрид по сударот со словенечкиот голман Јан Облак, по што мораше да го напушти теренот. Тој го пропушти и Ауди купот на кој Реал Мадрид го освои третото место. Иако првите прогнози беа дека Јовиќ може да паузира и еден месец, Јовиќ одработи индивидуални тренинзи, по кои лекарскиот тим одлучи дека тој може да се врати да тренира со останатиот дел од екипата.

Враќањето на Србинот ќе ја забрза и продажбата на Маријано Диаз, за чии услуги се интересираат Лион, Олимпик Марсеј и Монако.

Се вчитува...