Лука Јовиќ веќе заминува од Реал, се сели во Арсенал!?

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не ги оправда очекувањата на Реал Мадрид, па веќе се погласни се шпекулациите дека во јануарскиот преоден рок заминува од клубот. Негова следна дестинација треба да биде Арсенал.

Според информациите, Пјер-Емерик Обамејанг би се преселил во Реал Мадрид а Арсенал, покрај финансиски надомест, би го добил и Јовиќ.

Јовиќ сезонава за Реал Мадрид одигра само 11 натпревари постигнувајќи само еден гол. Во Мадрид пристигна од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра.

Се вчитува...