Денешната „бомба“ доаѓа од Шпанија, а бурни реакции предизвика лансирата информацијата дека Лука Модриќ по речиси една деценија ќе врати повторно во Премиер-лигата. Но, освојувачот на „Златната топка“ нема да се врати во Тотенхем, како што се нагласуваше со години, туку ќе ја прифати понудата на Манчестер Сити.
Хрватот практично би потпишал за нивната филијала во Америка, но потоа би дошол на позајмица во Англија. Ваквиот расплет на настаните не би бил нов, особено имајќи предвид дека и Лампард го направи истото. Модриќ би можел да ја продолжи кариерата на врвно ниво, но и да добие шанса за богата пензија во МЛС.
Минатото лето Реал го продолжи договорот на Лука, па тој и понатаму игра одлично, но сака да се обезбеди, особено што Флорентино Перез ќе се обиде да го ослободи платниот буџет за големите засилувања кои се планирани за следната сезона, а меѓу нив секако се наоѓа Мбапе, но и Погба и Ридигер на кои исто така им истекува договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА