Лука Модриќ пред продолжување на договорот со Реал Мадрид

Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Лука Модриќ е подготвен да ја намали платата и ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, кој ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2023 година, објави новинарот Николо Скира.

36-годишниот хрватски ветеран сака да ја заврши кариерата како фудбалер на Реал Мадрид и затоа е подготвен да се согласи на помала плата, тврди италијанскиот новинар. Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година е дел од составот на Реал Мадрид од 2012 година, кога Реал го купи од Тотенхем.

Играчот од средниот ред има 402 натпревари и 28 гола во дресот на Реал Мадрид, а зад себе има освоено трофеи од Ла Лига и Лигата на Шампиони, како и од Супер купот и купот на Шпанија. Лука важи за еден од омилените фудбалери на фановите на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...