„Лука? Нема поголем плачко од него во НБА“

Лука Дончиќ продолжува со одличните партии во НБА лигата, а изминатата вечер повторно го предводеше Далас со 31 поен, 6 скока и 4 асистенции, но ја немаше поддршката од своите соиграчи за тимот од Тексас да слави над Њујорк.

Сепак магичните потези на младиот кошаркар некогаш се ставени во сенка на неговите жалби кон судиските одлуки, така беше и овој пат, а двократниот освојувач на титулата во најсилното кошаркарско натпреварување, Волт Фрејзер упати жестока критика кон еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

„Лука? Па нема поголем плачко од него во НБА народе. Секогаш плаче и се жали. Има 13 технички грешки. Погледнете го постојано плаче пред судијата“, изјави поранешниот кошаркар на Њујорк.

Се вчитува...