Лука Станковски: Работнички може до бодови и со Шкупи, само малку да ја подобриме реализацијата

По ремито со Шкендија, фудбалерите на Работнички пред уште еден тежок дуел против еден од најдобрите состави во лигата. Гостување на теренот на ФФМ во Скопје против екипата на Шкупи. Но, еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Лука Станковски вели дека повторно се размислува единствено на позитивен резултат

„Мислам дека заслуживме и повеќе од бод против Шкендија. Бевме агресивни, одигравме напаѓачки, Шкендија не беше подобра во ниеден сегмент од фудбалската игра. И тоа ни дава мотив дека можеме да одиграме така квалитетно, би сакал да биде и за нијанса подобро, и на неделниот натпревар против Шкупи. Јасно е, ни недостига единствено реализацијата за да оствариме триумф и против најдобрите. Се надевам дека тоа ќе се случи веќе на неделниот меч против тимот од Чаир“ – вели Лука Станковски.

Напаѓачот Никола Прелчец кој во зимскиот преоден рок го засили Работнички, смета дека Шкупи во моментот не е поквалитетен од сегашниот тим на „романтичарите“.

„Секоја чест за Шкупи, тоа е тим кој се бори за самиот врв на табелата, но исто така и имаше многу промени во кадарот во текот на зимската пауза. Мислам дека во моментот Работнички е најмалку на исто рамниште по квалитет и доколку одиграме тактички мудро и ги исполниме задачите на тренерот Александар Влахо можеме да оствариме позитивен резултат“ – порачува Никола Прелчец во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

ПРВА ЛИГА (22. КОЛО, денеска, 14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0

Се вчитува...