Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез смета дека Ромелу Лукаку има квалитети што ги немаат другите напаѓачи во фудбалска Европа. Белгиецот постигна 40 гола во дресот на Интер на 51 натпревар во 2020 година, а неодамна изјави дека се смета себеси за еден од петте најдобри напаѓачи во светот.
Предводникот на белгиската репрезентација имаше можност да соработува со Лукаку уште во тимот на Евертон и воопшто не е изненаден од извонредниот развој на овој „џин“.
„Лукаку е моја слаба точка затоа што го тренирав во Евертон. Кога станува збор за неговите изјави, вие знаете како е тоа во медиумите – можете да ја кажете вистинската и точна работа во 99 од 100 изјави, но само таа една изјава ќе биде запаметена најмногу од другите. Не гледам напаѓач во Европа што е способен да го направи она што му успева на Ромео“, истакна Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА