Лукаку го откри „рецептот за успех“

 

Ромелу Лукаку ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Носејќи го дресот на Интер, белгискиот напаѓач оваа сезона на 33 одиграни дуела има постигнато 24 гола, а италијанските медиуми го споредуваат со легендарниот Андријано.

Дваесетиседум годишникот постојано беше во фокусот на медимумите на „Островот“ поради неговата преголема тежина, а сега Белгиецот вели дека тајната за успехот се крие зад посебната исхрана која ја добива во Милано.

„Отсекогаш сум бил експлозивен со мускулната маса, но во Италија го достигнав следното ниво. Никогаш не сум се осеќал толку силно. Достигнав ново ниво, физички и ментално. Конзумирам доста јагленохидрати, често јадам пакување или две тестенини, во зависност од тоа што шефот ќе го подготви. Тие брзо циркулираат и многу ми помагаат. Мојата диета се состои од салата за ручек со пилешки гради и паста. Не го променив начинок на кој јадам, како играме мораме да бидеме физички силни, многу трчаме. Од кога ги поменив моите навики се осеќам многу подобро на теренот, многу побрзо реагирам. Пијам и многу витамини“ – изјави Лукаку.

 

Се вчитува...