Лукаку: Интер ме спаси од дупката наречена Манчестер Јунајтед, Челси беше единствениот клуб за мене

Ромелу Лукаку ова лето се врати во редовите на Челси каде за прв пат заигра во Премиерлигата во 2011 година. За разлика од првиот мандат на „Стемфорд Бриџ“ кога како 18 годишник не успеа да наметне во клубот, од белгискиот голгетер сега се очекува да биде вистинскиот наследник на легендарниот Дидие Дрогба.

Пред враќањето во Челси, Лукаку забележа настапи за Вест Бром, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер, но како што вели за него има само еден клуб.

„Единствениот клуб за кој можеш да го оставам Интер беше Челси. Децата од мали навиваат за Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунатед…, а за мене тоа беше Челси. Сите кои ме знаат, знаат што значи Челси за мене. Кога почнаа да се распрашуваат повторно за мене, па како можев да кажам не? Сфатив дека Челси е сериозен со третата понуда. Започнаа со 100 милиони евра, па 105, а кога дојде и понудата од 110 милиони знаев дека морам да заминам. Затоа по тренингот отидов во канцеларијата на Инзаги и го замолив да најде решение. Не сакав да ја нарушам атмосферата на тимот, а со главата веќе не бев во Милано. Интер ме спаси од дупката наречена Манчестер Јунајтед и за тоа секогаш ќе бидам благодарен“, изјави Лукаку.

Се вчитува...