Лукаку: Јас и Челси имаме исти амбиции, победа на секој натпревар и освојување многу титули

Ромелу Лукаку кој во текот на летово го напушти Интер за 115 милиони евра и се врати во редовите на Челси, вели дека со нетрпение го очекува дербито со Арсенал во рамките на новото коло во Премиер-лигата.

Ромелу истакна дека тој и Челси имаат исти амбиции и цели, преку победи до освојвуање на титули.

„Ќе се обидам на тренинзите да бидам активен 100 проценти. Моите лични цели се совпаѓаат со тие на клубот. Сакам Челзи да победува и да освојува трофеи. Ми се допаѓа шемата. Можам да дејствувам сам во напад но, исто така можам да бидам во тандем со друг напаѓач“, заклучи  Лукаку.

Се вчитува...