Лукаку: Јувентус е меѓу трите најдобри во Европа

Белгиската ѕвезда од Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку смета дека во перспектива трансфер во Италија би бил одлична опција за него. Неговата изјава дека е расположен да го замени „Олд Трафорд“ со „Јувентус Арена“ дополнително ги подгрева проблемите кај најтофејниот англиски клуб.

„Јувентус е еден од трите најдобри клуба во Европа. Имаат одличен проект и секоја година се посилни“ – вели Лукаку одговарајќи на прашањето дали би се преселил во Италија.

Лукаку има сосема различни изданија во Манчестер и во белгиската репрезентација. Во Јунајтед има четири гола на 11 натпревари, додека за Белгија погодува на последните неколку натпревари, веќе запиша пет гола по Светското првенство во  Русија.

Се вчитува...