Лукаку: Каков бев на првиот натперевар? – Доминантен

Фудбалерот на Челси, Ромелу Лукаку беше задоволен од прикажаното на натпреварот против Арсенал. Фудбалерите на Челси забележаа победа во дербито на второто коло во Премиер лигата, против градскиот ривал Арсенал, па со резултат од 2-0 запишаа голема победа благодарение на головите на Лукаку и Рис Џејмс.

Лукаку ни најмалку не беше скромен, па својот прв натпревар за Челси го опиша како доминантен.

„Бев доминантен. Секој пат се обидувам да бидам подобар, имам долг пат да поминам, но добро започнав“, изјави Лукаку.

Ова беше прв натпревар што 28-годишниот фудбалер го одигра во синиот дрес откако пристигна од Интер.

„Сакам да придонесам за тимот, да победувам, да ги користам моите шанси. Тоа е нешто на кое напорно работам и продолжувам да го правам. Особено затоа што овој тим е исклучително талентиран. Станува збор за победникот во Лигата на шампионите. Сега мораме да продолжиме да работиме и да бидеме уште посилни, бидејќи Премиер лигата е исклучително конкурентна“, заклучи Луаку.

Се вчитува...