Лукаку: Ќе му помогнам на Интер да ги освовиме ЛШ и Купот на Италија

Интер ја врати одличната форма во завршницата на сезоната во која се уште е во игра за освојување на два трофеи – во Лигата на Шампоните и Купот на Италија. „Нероаѕурите“ имаат предност од 1-0 против градскиот ривал Милан во полуфиналето на најсилното фудбалско натпреварување, а во финалето од Купот силите ќе си ги одмерат со Фиорентина.

Добра вест за клубот од Милано пред одлучувачките натпревари е и камбекот на Ромелку Лукаку кој стрелаше во вчерашната победа на Интер над Сасуоло во 35. коло од Серија А. Белгискиот голгетер по натпреварот меѓудругото збореше и за предизвиците кои следат.

„Тренерот ни даде јасно до знаење дека ова за нас е меч кој мора да го добиеме и тоа го направивме. Се уште сезоната е отворена за нас, можеме да освоиме два трофеи. Имаме тежок меч оваа недела, но играме на домашен терен и ќе бидеме подготвени за тоа. Среќни сме што го добивме Сасуоло, оваа екипа секогаш знаела да прави проблеми на Сан Сиро.

Повеќе од се би сакал да бидам стартер на реванш средбата против Милан. Но Интер е сепак најважниот приоритет за сите нас, а кога ќе му требам на тренерот, тука сум“, вели Лукаку.

Се вчитува...