Лукаку конечно стрелаше, Челси во 97. остана без три бода против Вулвс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси во последните минути „прокоцкаа“ победа откако одиграа само реми (2-2) на домашен терен против Вулверхемптон Вулвс во натпревар од 36. коло во англиската Премиер-лига. Откако по првото полувреме мируваа мрежите, а во 38. минута поради офсајд по проверка со ВАР беше поништен голот на Лофтус Чик, вториот дел ни донесе вистински возбудувања.

„Одметникот“ Ромелу Лукаку конечно стрелаше и со два гола донесе водство за својот тим. Прво во 56. минута успешно реализираше од пенал за водство од 1-0, а само две минути подоцна зголеми на 2-0. До крајот гостите само намалија на 2-1 преку Тринкао кој постигна прекрасен погодок во 79. минута, а конечните 2-2 ги постави Коуди во 97. минута.

Во останатите мечеви од денешната понуда во Премиер-лигата: Брентфорд – Саутемптон 3-0, Барнли – Астон Вила 1-3, и Кристал Палас – Вотфорд 1-0.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...