Лукаку: Можев да се вратам во Челси во 2016 и 2017 година

Ромелу Лукаку оваа сезона се врати во таборот на Челси, откако од Интер се реши да се врати во Премиерлигата во лондонските сини за сума од околу 100 милиони евра.

Тој во едно интервју кажал дека имал можност да се врати во Челси, но од разни причини тоа не се случило.

„Имав две можности да се вратам во Челси. Првата во 2016 и потоа во 2017 година. Од различни причини тоа не се случи. Меѓутоа сега сметав дека е вистинско време, и мислам дека не направив грешка. Одлично ја почнавме сезоната, тренерот има доверба во мене, јас на секој меч давав се од себе“, рече Лукаку.

Во 2016 година тој играше за Евертон, а во 2017 се реши да потпише за Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...